Француската полиција соопшти дека викендот спречила терористички напад на стадионот на ПСЖ, на кој што се одигра натпреварот од осмото коло во Лига 1 помеѓу ПСЖ и Бордо.
Неколку часа пред почетокот на натпреварот на кој присуствуваа преку 50 000 луѓе била пронајдена импровизирана експлозивна направа, составена од 4 плински боци полиени со бензин, кои требало да бидат активирани преку сигнал од мобилен телефон. Направата ја пронашол станар кој живеел во близина на стадионот и веднаш ја известил полицијата.
При истрагата уапсени се пет лица, вклучувајќи и исламистички екстремист, кој веќе бил под полициски надзор. Петмина осомничени се во притвор, а до денес не е објавена друга информација, бидејќи антитерористичката единица направила повеќе рации во предградијата на Париз.
Францускиот министер за внатрешни работи Жерар Коломб изјави дека од почетокот на годината полицијата спречила 12 терористички напади ширум Франција.