Како носител на листата на советници на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија, со гордост можам ветам и да ви најавам дека после 15 Октомври на младите од општина Прилеп, ќе им овозможиме да стекнат сопствен дом, семејна куќа по исклучително поволни услови, кои ќе им ги обезбеди локалната самоуправа. Проект кој ќе биде на иницијатива на Советот на општина Прилеп. Истакна на денешната прес конференција носителот на листа на советници за Општина Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Петар Ристески.
Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.
„За таа цел на локацијата на која СДС планира во Прилеп да насели мигранти од Сирија, Авганистан и од афричките земји, ќе изградиме нова населба! Нова населба за нашите граѓани! За нашите млади!
До населбата Типски и до органжериите, веќе имаме проектирано типска населба Градина каде што што имаме градежно земјиште во сопственост на Република Македонија. Во Градина, во која веќе е во завршна фаза и инфраструктурата за блок од 40 градежни парцели, ќе им понудиме на младите да изградат сопствена куќа по исклучително поволни услови и ќе им овозможиме да го решат сопственото станбено прашање.
Проектираните градежни парцели со намена да индивидуално домување, младите, младите брачни парови ќе ги добијат бесплатно, а со одлука на совет ќе ги ослободиме и од плаќање на надомест за комуналии.
Со овие услови, со бесплатно градежно земјиште, со ослободување од плаќање на комуналии и огромната заштеда на финансии, останува на младите да вложат само во изградбата на објектот и да го изградат сопствениот дом!
Ќе им овозможиме да стекнат сопствен дом. Ќе се зголеми бројот на бракови и се надеваме дека со оваа мерка позитивно ќе се стимулира и наталитетот во општината Прилеп.
Ние работиме со младите, за младите! Секогаш работа! Секогаш Прилеп! “