ВИДЕО – Ристески : Ќе се набават нови автобуси за јавен градски превоз, а ќе се воведат и нови линии

Еден од покапиталните проекти за Прилеп кои ги реализираше оваа локална самоуправа е секако проектот за јавен градски превоз кој започна функционира во 2014 година со повеќе линии низ градот. Тогаш по теркот на сите урбани центри, Прилеп за прв пат во историјата доби јавен градски превоз, по градот Скопје. Изјави на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Прилеп, Марјан Ристески.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Превозот на патници на се врши со 5 нископодни автобуси. Наплатата се врши во самите автобуси со монети или со електронски картички кои можат да се купат во наплатниот центар.

 

Цената на едно возење со монети е 20 денари, додека со електронските картички цената на едно возење е во зависност од бројот на возења, во просек 15 денари за едно возење. Со што Прилеп има најефтин градски превоз во Македонија.

 

Јавниот градски превоз се покажа како голем бенефит за сите жители на Општина Прилеп. Во просек за овие 4 години јавниот градски превоз го имаат искористено повеќе стотици илјади наши сограѓани.

 

Во поголем дел градскиот превоз е субвенциониран од буџетот на локалната самоуправа.

 

Покрај превозот на патници, јавниот градски превоз врши и превоз на ученици, бесплатно превезува студенти, а бесплатено ги превезува и лицата со посебни потреби како и лицата кои имаат одреден инвалидитет.

 

Гордоста за формирање на јавниот превоз е уште поголема бидејќи тоа е идеја на пензионерите која ние ја реализиравме заедно со нив.

 

Токму поради овие резултати и потреба на граѓаните наша обврска е да го продолжиме и модернизираме јавниот превоз во Прилеп.

 

Во наредниот период планираме :

 

  • Набавка на 10 нови нископодни автобуси, со што ќе се овозможи поефикасен, поудобен и поквалитетен градски превоз.

 

  • Со набавката на новите автобуси ќе се зголеми бројот на линиите во градот. Во иднина се планира со јавне градски превоз да биде поврзана населбата Тризла каде живее ромското население, ќе има линија за населбите над ООУ „Гоце Делчев“, за населбата која се наоѓа наспроти компанијата Жито Прилеп, како и линија која ќе сообраќа на релација кон Типската населба.

 

  • По набавувањето на новите автобуси се планира воведување на градски превоз и до населените места по фази :

 

  • Во првата фаза ќе бидат опфатени приградските населени места : Селце, Мажучиште, Мало и Големо Коњари, Кадино село, Галичани, Беровци, Алинци, Старо и Ново Лагово, Загорани и Веселчани.

 

  • Во втората фаза ќе биде опфатен Тополчанскиот регион : Чепигово, Тројкрсти, Тополчани, Клепач, Ерековци, Канатларци и Подмол.

 

  • Во третата фаза ќе бидат воведени редовни линии во пазарните денови за Витолиште и Големо Радобил.

 

  • Во план е набавување на електрични мини буси за централното градско подрачје кои би се користеле и за превоз на туристи до манастирите и локалитетите околу Прилеп.
  • Поставување на модерни автобуски постојки.

 

  • Се планира осовременување на автобуските постојки со информативни табли за следење на автобусите во реално време и дојава за пристигнување на самата постојка.

 

  • Ќе воведеме електронско следење на автобусите и електронско вадење на карти преку мобилен телефон и интернет.

 

  • Ќе воведеме бесплатен јавен превоз за пензионерите во пазарните денови

 

  • Она што е исто така потребно за јавниот градски превоз е и изградба на сопствена автобаза, терминал, во чиј состав би функционирале: сервисен центар, сервис за одржување на хигиената на возилата, сопствена пумпа за гориво и паркинг простор за автобусите (отворен и затворен дел). Таа автобаза ќе биде сместена кај Сточниот пазар.

 

Токму поради ова гласајте за број 13. Гласајте за побезбеден и модерен јавен превоз. Гласајте Прилеп да го задржи својот европски лик.“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи