ВМРО-ДПМНЕ : Јованоски има тотално непознавање на надлежностите на локалната самоуправа

Докторе Јованоски, сегашен и иден!  Од ден на ден не можеме да се начудиме на вашите лаги и непознавањето на проблематиката и надлежностите на локалната самоуправа!  Вие делувате како 12 години да немате поминато на патот Битола -Прилеп! Истакнаа во соопштението од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп како реакција на прес конференција одржана од кандидатот за градоначалник на СДСМ, Илија Јованоски.

 

Соопштението го пренесуваме во целост.

 

„Чадот беше и замина во депонијата до 2005-та кога АКТИВНО СЕ БОРЕВТЕ таа да биде регионална депонија и сметот од 27 општини да се носи тука!

 

Ако сакате да видите депонија што чади, посетете ја струшката и тетовската, каде што срамно се криете да кажете дека немате кандидат за градоначалник!

 

Јованоски, вработените во јавните претпријатија паметат каков пустош направивте од нив. Затоа ќе ви одговорат со бр. 13 на 15-ти октомври“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи