Австрија, Велика Британија и Грција се трите земји од кои во Македонија влегле најмногу странски инвестиции во периодот од 1997 до 2016 година. За 20 години во Македонија влегле 4,6 милијарди евра странски инвестиции.
Најголем странски инвеститор во Македонија е Австрија со инвестиции од 567,5 милиони евра или 12,2% од вкупните странски инвестици, втора е Велика Британија со инвестирани 519,4 милиони евра или 11,2 % од вкупните инвестиции, а на трето место е нашиот јужен сосед Грција со инвестиции од 463,4 милиони евра или 10 % од вкупните странски инвестиции.
Листата од Топ 10 најголеми инвеститори во Македонија во 2016 ја дополнуваат Кина со 26,3 милиони евра директни инвестиции, Италија со 20 милиони евра, Швајцарија со 18,9 милиони евра, Бугарија со 17,8 милиони евра и САД со директни инвестиции од 17,6 милиони евра.
Минатата година, со вкупно 53,1 милиони евра директни инвестиции први на листата се најдоа Обединетите Арапски Емирати.