Селекторот на Шпанија со поддршка за Пике

Facebook
Twitter
Email
Print

Селекторот на шпанската репрезентација Хуан Лоптеги застана во одбрана на својот фудбалер, по критиките кои Пике ги доби од шпанските навивачи откако јавно го поддржа референдумот за независност на Каталонија.

 

„Пике не претставува никаков проблем за нас. Тој е одличен фудбалер и нормално дека ќе биде тука со нас. Опуштен е и го дава својот максимум, што значи сè е во ред.

Можеби има свои политички ставови кои не им се допаѓаат на сите, но тој е несомнено посветен на репрезентацијата и никогаш нè нема напуштено.

Жерар е играч, а јас сум тренер. Нашите теми на разговор се исклучиво за фудбал и ништо друго. Често зборуваме за нашите цели, а тоа секако е повторно да станеме светски прваци“, изјави Лоптеги.

 

Пике за Шпанија има одиграно 91 натпревар.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи