Во Мароко запленети 2.5 тона кокаин

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Тринаесет лица се уапсени во акцијата против криумчарите на дрога која се одвивала во три града во Мароко, во која се запленети 2.5 тона на суров кокаин, што претставува една од најголемите акции во историјата на земјата.

 

Според Централното биро за судски истраги на Мароко, дрогата била запленета во градовите Шкират и Бузники кои се наоѓаат на Атланскиот брег и градот Надор кој се наоѓа на Медитеранскиот брег на земјата.

 

Во акцијата запленети се и автомобили, пушки и 480 000 долари. Меѓу притворените се лица со двојно, мароканско- холандско и мароканско-шпанско државјанство. Две лица, за кои постои сомневање дека биле организатори на криминалната мрежа, се уапсени во претходна акција.

 

Според официјалните лица, кокаинот е со потекло од Максико и Венецуела и бил шверцуван во Мароко во повеќе тури почнувајќи од 2013 година.

 

Најголем дел од кокаинот во Европа е внесен преку оваа африканска земја.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи