Косово се откажа од барањето за членство во УНЕСКО и Интерпол

Приштина синоќа соопшти дека привремено се откажуваат од барањето на Косово за членство во УНЕСКО и во Интерпол. Од косовското Министерство за надворешни работи соопштија дека ова откажувањето од ова барање било донесено со целосна и блиска соработка со САД, Британија, Франција, Германија и Италија.

 

„Министерството за надворешни работи оценува дека тие акции придонесуваат за зајакнување на меѓународната положба на Косово, натамошно унапредување на односите со партнерските и сојузничките земји, гарантирање безбедност и унапредување на мирот во регионот. Косово досега се придружи на повеќе од 60 регионални, континентални и глобални организации и секоја акција на поднесување барање, процедура или процес за добивање членство, се презема во целосна и блиска координација со стратешките и историските сојузници на Косово, односно САД и ЕУ“, се наведува во соопштението.

 

Во соопштението се додава дека членството на Косово во регионалните, континенталните и светските организации, односно ОН и агенциите поврзани со нив, и понатаму останува приоритетна цел на Приштина.

 

Инаку ова одложување уште пред неколку месеци го најави косовскиот министер за надворешни работи Емануел Демај.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien