Фудбалерите мотивирани за утрешниот натпревар со Италија

Македонската фудбалска репрезентација го одработи последниот тренинг пред утрешниот натпревар против Италија на „Олимпико“.

 

Италијанците, кои во Скопје се радуваа на победа од 3:2, се фаворити за триумф што нема да ги одврати нашите момци во намерата уште еднаш да се прикажат во најдоброто светло.

 

Еден од играчите во нашата селекција кој овој квалификациски циклус остави силен впечаток е Езгијан Алиоски кој во пресрет на мечот изјави:

 

„Добро, веќе сме тука во Италија и со сите мисли кон петочниот натпревар. Не треба да се трошат зборови за противникот кој е многу силен, но истите знаеме како се спасија и нè победија во Скопје. Тој натпревар и другите наши добри изданија треба да бидат модел како да и се спротивставиме на Италија. Овој натпревар е многу важен за нас играчите и нема потреба од додатна мотивација, затоа што секој едвај чека да дојде моментот да излеземе на терен и дадеме сè од себе во потрага по позитивен резултат“

 

Меѓу најмотивираните сигурно е Енис Барди, кој со настапите во Леванте и за нашата младинска репрезентација е вистински хит во европскиот фудбал.

 

„Подготвени сме, имаме голема мотивација. знаеме против кого играме. Италија е гигант, но ние играме добро во последно време и покажавме дека можеме да се носиме со квалитетни селекции. Има многу квалитет во оваа селекција и утре ќе дадеме се од себе да се прикажеме во светло издание. Покажавме во Скопје против Италија дека имаме капацитет за одлични партии фудбал и против фаворити, зошто да не покажеме и утре, овде во Торино, дека сме добра репрезентација“, вели Барди

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien