Јуп Хејнкес повторно на клупата на Баерн Минхен

Потрагата по нов тренер во Баерн е завршена откако е договорено Јуп Хејнкес да ја превземе клупата на германскиот тим до крајот на сезоната.

 

Седумдесет и двегодишниот  Хејнкес по четврт пат ќе седне на клупата на Баерн. Тој најави дека се повлекува од фудбалот во 2013 година, кога успеа да ја освои тројната круна, односно ги подигна трофеите во Лигата на шампиони, Бундеслигата и во германскиот куп, по што беше прогласен за најдобар тренер за таа сезона од страна на ФИФА.

 

Според таблоидот „Билд“, тој ќе го наследи Карло Анчелоти до крајот на сезоната, откако Италијанецот доби отказ минатата недела по серијата на лоши резултати во низа, кои кулминираа со поразот од ПСЖ во Лигата на шампиони со 3:0, што претставува највисок пораз на Баерн во групната фаза од ова натпреварување.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien