ВИДЕО – Ристески : Комплетно ќе се реконструира старата чаршија во Прилеп

Општина Прилеп во изминативе години со големиот број на инвестиции комплетно го реконструираше централното градско подрачје. Се изградија голем број на парковски површини, градот доби нови плоштади, фонтани, зеленило, споменици. Се постави нова урбана опрема, корпи за отпадоци и сите потребни елементи за да градот го добие денешниот европски изглед. Истакна на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Марјан Ристески.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Како дел од тоа централно подрачје е и старата чаршија. Планираме во наредниот период комплетна реконструкција и ревитализација на старата чаршија.

 

Се планира следново :

 

 

  • Целосна промена на канализационата и водоводна мрежа, која е веќе застарена и потекнува уште од средината на минатиот век

 

  • Реконструкција на доводот на струја во старата чаршија

 

  • Комплетно подземно внесување на сите кабли и жици во старата чарчија и центарот на градот

 

  • Реконструкција на фасадите на дуќаните

 

  • Партерно уредување и поплочување на уличките во чаршијата со гранитна калдрма

 

 

Исто така ќе биде продолжена реконструкцијата на пешачката улица „Борка Талески на потегот од споменикот на Пеце Атанасоски до ООУ „Кочо Рацин“.

 

Ќе се уреди површина од околу 4.000 м2 со мемерни и гранитни плочи, мозаици, со модерно осветлување и хортикултурно уредување и урбана опрема ( столчиња, паркинг места за велосипеди, клупи, корпи за отпадоци ), со што улицата ќе добие амбиентално-трговски лик.

 

Изградбата на улицата „Борка Талески“ ќе продолжи по изградбата на трговскиот центар на „Тинекс“.

 

Дел од опфатот на старата чаршија ќе биде и поплочување со гранитна калдрма на улиците кои се наоѓаат позади бизнис центарот и околу музичкото училиште, со што овој дел ќе стане полу-пешачка зона, каде пристап за возила ќе имаат само граѓаните кои живеат таму и деловните објекти.

 

Со ова ќе се добие уште поголема атрактивност, проширување и нов изглед на старата чаршија и централното градско подрачје, како и поголема сообраќајна безбедност во тој дел на градот.

Планирано е старата чаршија и центарот на градот да добијат и подземни контејнери.

 

Во програмата предвидена е и комплетна реконструкција на фасадата на објектот на поранешниот рибен ресторан.

 

Во договор со куќниот совет и станарите предвидена е и комплетна реконструкција на фасадата на бизнис центарот и уредување на неговата околина. Со што овој дел, од едно од најзапуштените места, ќе стане еден од најрепрезентативните делови на градот, со што ќе се подобри и трговско-деловната функција на истиот.

 

Исто така, како што споменав на една од моите претходни прес конференции, центарот на градот ќе биде проширен со изградба на уште еден плоштад, од другата страна на реката, околу црквата Свето Благовештение.

 

Предвидено е изградба и на нов плоштад „Мирче Ацев“ каде ќе биде поставено и спомен обележје на овој наш народен херој. Плоштадот ќе биде лоциран помеѓу хотел Скопје и катната гаража.

 

Со овие инвестиции Прилеп ќе го добие еден од најубавите центри не само во Македонија туку и пошироко. Со тоа не само што ќе се подобри изгледот на центарот за граѓаните туку тој ќе прерасне во магнет за туристите и посетителите.

 

Со тоа Прилеп ќе го задржи приматот на еден од најпосетуваните градови во Македонија, што е одлично пак за развој на локалната економија.

 

Затоа почитувани граѓани гласајте за број 13, гласајте за најубав центар и град во Македонија.“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи