Финансискиот гигант „Голдман Сакс“ разгледува работење со дигитални валути како биткоин. Доколку тоа стане практика банката би станала првиот голем играч од Вол стрит кој јавно би почнал со бизнис на пазарите за криптовалути.
Инаку финансиски експерти сметаат дека е можно цената на еден биткоин да достигне 6.000 долари до крајот на годината.
Моментално цената на еден биткоин изнесува 4.333 долари.
„Очекуваме дека биткоинот ќе надмине 5.000, па дури ќе достигне и до 6.000 долари до крајот на годината“, изјави Томас Глуксман, директор на компанијата за криптографска размена на Gatecoin.
Сепак, тој ги предупреди инвеститорите за повеќе нестабилност во ноември. Причината е дека заедницата BattleKnight може да го отфрли SegWit2X – претстојната надградба на валутата која има за цел да ги направи трансакциите побрзи. Не сите трговци ги одобруваат промените што ќе се направат.
„Најголемиот катализатор за цената на биткоинот е регулирањето”, вели Чарлс Хетер, сопственик на CryptoCompare.