Турскиот суд додели 40 доживотни казни затвор на луѓе кои се обвинети за заговор за убиство на претседателот Реџеп Таип Ердоган, за време на обидот за воен удар минатата година.
Околу 50 обвинети без изведени на суд во Мугла, каде што војниците го нападнаа хотелскиот резорт каде престојуваше Ердоган за време на неговиот одмор во јули 2016 година, само неколку минути откако претседателот го напуштил хотелот.
Ова судење кое што започна во февруари е едно од неколкуте кои се водат низ целата земја поради обидот за воен удар.
Воениот удар во кој што загинаа 250 лица и преку 2000 беа повредени беше неуспешен. Владата го обвинува движењето поддржано од Фетула Џулен, проповедник кој што е протеран и живее во САД и кој што има илјадници следбеици, за организатори на овој обид за воен удар.
Обвинетите се пожалија за нехуман третман. Еден поранешен поручник изјави дека ги третираат како криминалци од моментот на апсењето. Друг вели дека се работи за нефер судење и дека обвинетите се „само тревата на која газеле слоновите за време на битката“, според извештај на Ројтерс од судењето.
Големиот прогон на наводните заговарачи во Турција продолжува. Обвинителите неделава потпишаа 140 налози за апсење за вработени во образование и армијата, и уште 112 налози за поранешните општински вработени обвинети за „врски со ѓуленистичкото движење“.