Видео – ВМРО-ДПМНЕ: Центри за подобра социјална заштита и превенција

Граѓанинот мора да е секогаш на прво место. Со отворањето на центри за стари лица, инвалидизирани лица и лица од социјално ранливите категории ќе го унапредиме квалитет на животот на нашите сограѓани, изјавија на денешната прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Граѓанинот мора да е секогаш на прво место, особено во фокусот на унапредување на социјалните права и превенции. Токму во таа насока на подобрување на условите и услугите во областа на социјалната заштита и превенција во општина Прилеп ќе ги реализираме следните проекти:

Ќе продолжиме да ја развиваме мрежата од дневни центри за стари лица, а во септември 2019 година, во општина Прилеп планираме да отвориме Дневен центар за возрасни лица со тешка и најтешка попреченост. Актуелниот кандидат за градоначалник Марјан Ристески и новиот Советот на Општина Прилеп ќе донесат одлука за доделување на еднократна парична помош од 12.000 денари на семејствата кои имаат принова и живеат на територијата на Општина Прилеп

Ќе ја продолжиме практиката за склучување на договори за вршење јавни работи со лица кои се од социјално ранлива категорија. Договорите ќе бидат склучувани за период од најмалку девет месеци, а програмата ќе се реализира континуирано секоја година.

Со цел да им помогнеме на инвалидизирани лица кои живеат на територијата на општина Прилеп, ќе обезбедиме набавка на електрични колички исто така ќе продолжиме со организирање на хуманитарна акција за помош на младите од социјално загрозени семејства со што ќе поставиме известување на веб-страната на Општината за потребата од донирање на парична помош, облека, спортска опрема, спортски реквизити, со назив „ДОНИРАЈ!“, ќе организираме кампањи за борба против пороците кај младите, ќе отвориме центар за поддршка на млади лица со хендикеп и посебни потреби каде лицата ќе имаат можност да стекнат одредени работни и професионални вештини, ќе продолжиме да организираме крводарителски акции и хуманитарни турнири во фудбал, кошарка, ракомет и слично и со право ќе го заддржиме епитетот – Прилеп, една од најхуманите општини, која секогаш дава голема поддршка на социјално ранливите категории.

За нас граѓаните се пред се! Заедно да продолжиме да ја градиме општина Прилеп и да го унапредуваме квалитетот на живот на нашите сограѓани!

Ве повикуваме, на 15 Октомври, да го заокружите бројот 13. Да кажете да, за Прилеп! Да за економски и социјален напредок на општина Прилеп!“, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien