Видео-Димитров: Денес сум во Прилеп за поддршка на Илија и за живот на сите

Кога ни потфрлија институциите, ние како народ успеавме да се организираме, да се дигнеме и да кажеме „НЕ“ на страмот и на злото. Мора да изградиме иднина и перспектива за младите ако сакаме да ги задржиме во нашата држава, изјави министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров, при неговата посета на Прилеп како поддршка на кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ, Илија Јованоски

 

Изјавата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Чест ми е што сум тука да го поддржам Илија, кандидатот за градоначалник.

Мислам дека тоа што го почнавме во Декември, имаме сега прилика и шанса да го завршиме со локалните избори, се разбуди Македонија, ни требаше извесно време.

Успеавме како народ да се организираме во услови кога ни потфрлија институциите, потфрли полицијата, потфрли судството, потфрлија јавните обвинители. Се собравме, разни линии прекршивме, да се дигнеме заедно и да кажеме не, и на страмот и на очигледното зло и сега би требало да е полесно бидејќи нема страв, да ја завршиме таа работа и да го дигнеме системот.

Јас во рамките на моите наддлежности во Владата се обидувам да го отворам патот напред, мора да има Македонија иднина и мора да има перспектива, ако сака да си ги задржиме нашите млади дома. Мора да работиме многу почесно, мора да не се преправаме, тоа што го зборуваме проекти итн, да биде вистина, да биде суштина, да не биде само фасади и мислам дека созреавме овие неколку години, мислам дека можеме да препознаеме кој зборува и кој си го почитува зборот и кој прави.

Мислам дека не сме веќе робови на буквите, гледаме што е целта и кои се идеалите, а не кој под какви букви настапува, барем јас ова го доживувам како битка за Македонија, да си ја спасиме државата, да си ги задржиме децата тука.

Уште 8 дена имаме шанса да разговараме, да отвараме прашања и во Недела да си ја затвориме работата и да ја завршиме таа приказна што ја почнавме во минатиот Декември.“, изјави Димитров

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien