Најмалку 7 жртви во страшното невреме во Германија

Најмалку седуммина загинаа, а десетина други се повредени во бурата „Ксавиер“, што денеска ги погоди северните и источните делови на Германија, уривајќи дрва и предизвикувајќи прекини на сообраќајот.

 

Според германските власти, три лица загинале во сојузната покраина Бранденбург, а по едно во Мекленбург-Долна Померанија и во градовите Берлин и Хамбург.

 

Германската железничка компанија „Дојче бан“ соопшти дека сите возови чиј правец води кон севернот дел на земјата се во прекин, особено линијата меѓу Берлин и Хамбург бидејќи на пругите се паднати голем број на дрвја.

 

Поради силниот ветер во реонот на Берлин, кој дувал со јачина и до 120 километри на час, беа откажани повеќе летови од берлинските аеродроми Тегел и Шенефелд. Исто така, откажани беа и неколку меѓународни летови од аеродромите во Бремен и Хановер.

 

Само во реонот на Берлин по невремето противпожарната служба имала над 700 интервенции, а во Хамбург дури 1.200.

 

Две зоолошки градини се затворени и животните биле преместени во нивните скривалишта.

 

Според Германската метеоролошка служба бурата може да достигне јачина на урагански ветер.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien