Општина Прилеп: Работиме со факти, вашите обвинувања се лажни и празни

Локалната самоуправа работи отчетно и транспарентно, а резултат се илјадниците реалзирани проекти. Како администрација ние работиме со факти, а вие продолжете со лажни и празни обвинувања, се вели во реакцијата на Општина Прилеп за денешната прес конференција на СДСМ.

 

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Иако Локалната самоуправа работи отчетно и транспарентно за што резултатите се видливи со илјадници проекти реализирани, Вие продолжувате со празни обвинување кои не се поддржани со никакви факти.

Ревизорскиот извештај кој го споменувате е јавно објавен и достапен на веб страната на Државниот завод за ревизија, а Вие сепак злонамерно го извртувате тоа што е внесено во него.

Но како администрација ние работиме со факти и ќе Ви ги цитираме истите точки од извештајот за кој Вие лажно обвинувате. Така, Вие велите дека недостасува сметковотствена евиденција, а во ревизорскиот извештај како забелешка пишува дека постои евиденција во која не се соодветно евидентирани побарувањата и во конкретниот случај се работи за застарени побарувања превземени од УЈП во 2005 и како такви се непроменети до денеска, исто така Вие тврдите дека се набавувала нафта за греење без евиденција за прием на гориво, а ја има целокупната евиденција и истата набавка е направена согласно законот за Јавни набавки, а за скулптурата на „Крали Марко“ обвинувате дека Градоначалникот ја платил дупло но во Ревизорскиот извештај стои цитираме:

„Е постапено по член 28 став 4 од Законот за јавни набавки за изработка на споменикот на „Крали Марко“ и цената е транспарентна и постигната на јавно надавање“.

И последно велите дека се исплаќал превоз на ученици од училиштата без спроведена постапка за јавни набавки. Општина Прилеп нема исплатено ниту денар од општинската сметка за превоз за ученици“, се вели во реакцијата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien