Хрватска усвои закон за заштита на бездомните животни

Хрватскиот Сабор изгласа Закон за заштита на животните со кој се забранува убивање на бездомни животни и формирање на најмалку едно „не убивај“ засолниште на подрачјето на секоја регионална единица, во кое би биле сместени најмалку 50 животни.

 

Законот предвидува контрола на популацијата на „несакани“ кучиња, како и подобар надзор над одгледувањето на кучиња. Хрватските власти очекуваат дека на овој начин ќе се намали бројот на напуштени животни и дека мнозинството на постоечките засолништа ќе можат да ги прифатат сите напуштени животни и да ги задоволи пропишаните стандарди.

 

Со законот сите единица на локалната самоуправа се обврзани да ги финансираат засолништата за бездомни животни. Целта на законот е да се вдоми секое напуштено животно и да се обезбеди соодветна ветеринарска нега и со овој закон Хрватска конечно добива Закон за заштита на животните која ја сместува во врвот на европските земји во грижата за животните.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien