Видео-Ристески: Гасификација на Прилеп во наредната година и половина

 

За година година и половина Прилеп ќе биде опфатен со гасификациона мрежа на која ќе можат да се приклучуваат домаќинствата и претпријатијата. Овој капитален проект за Прилеп, во вредност од 37 милиони евра, ќе овозможи развој на економијата, заштита на животната средина и подобар квалитет на живеење, истакна кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп, Марјан Ристески.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Прилеп за година и пол ќе биде опфатен со гасификација каде компаниите и домаќинствата ќе може да го користат овој природен енергенс. Изградена е делницата на гасоводот до Штип – Неготино, а во наредниот период треба да продолжи делницата Неготино – Битола, преку Кавадарци и Прилеп во должина од 92 километри и во вредност од 37 милиони евра.

Досега гасоводната цевка е стасана до Беловодица.

Проектот започна со претходната Влада на ВМРО –ДПМНЕ и треба да биде завршена до крајот на 2018 година. Истражувањето на пазарот беше направено преку Економскиот совет на град Прилеп, Стопанските комори и Регионалната Занаетчиската комора каде се увиде интересот за гасификација и нивните потреби за нов енергенс.

Ова ќе биде значаен капитален проект за Прилеп, за домаќинствата и посебно за развојот на економијата зошто преку обезбедувањето на поевтини енергенси и заштита на животната средина ќе се овозможи поголема конкурентност на прилепските компании и подобар квалитет на живеење

Гласајте за бројот 13, за гасификација на Прилеп, за нови капитални инвестиции“, изјави Ристески

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи