Секој ден Илија Јованоски промовира проекти кои се понудени во програмата на ВМРО-ДПМНЕ од последните парламентарни избори, а дел се и реализирани, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ за денешната прес конференција на на кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ, Илија Јованоски.
Реакцијата ја пренесуваме во целост.
„Горди сме што Илија Јованоски – Муцето, кандидат за градоначалник секој ден промовира проекти на ВМРО-ДПМНЕ понудени во програмата на последните парламентарни избори.
Еве денес ветува дека ќе изгради театар, проект кој беше промовиран и ветен токму од ВМРО-ДПМНЕ.
Срамно е, што Илија Јованоски – Муцето, секојдневно држи прес-конференции, стоејќи пред реализирани проекти на Марјан Ристески и ВМРО-ДПМНЕ! Но, многу жално е, кандидат за градоначалник на СДС да не понуди ниту еден свој, реално остварлив проект во текот на цела кампања!
Добро е што Илија Јованоски детално ја прочитал и разработил целата програма на ВМРО-ДПМНЕ! Но, добро ќе беше да покажеше барем малку срам, штом излегува со туѓи проекти и ги промовира како свои.
Не се иди на власт со лажни ветувања и насилство кое го поддржувате и поттикнувате. Само продолжете со уништување на билборди, кинење на плакати, заплашување и заканување на луѓе.
Прилепчани го гледаат ова и го ценат! Затоа Г-не Јованоски, на 15-ти Октомври со заокружување на бројот 13, граѓаните повторно ќе дадат поддршка на Марјан Ристески и ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во реакцијата.