Економијата оди надолу. Многу сериозно истакнувам и така сакам да бидам сфатен дека овие штетни економски политики водат кон сериозни сериозни, кон многу сериозни ризици и далекусежни последици, и затоа мора да запрат и тоа што побргу, истакна вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на митингот во Прилеп.
„Денес ќе соопштам што е причината за ова економско фијаско кое ни го приредува неспособниот тим на противникот. Расходите за капитални инвестиции се преполовени. Во првите 5 месеци од оваа година и тоа во многу полоша ситуација и во период кога функционираше техничка влада, на месечно ниво во капитални инвестиции од буџетот се инвестираа во просек по 25 милиони евра. Откога се овие некадарни луѓе во владата, во јуни, јули и август, капиталните инвестиции во просек месечно изнесуваат по едвај 14 милиони евра. Значи од 25 милиони евра месечно, сега спаѓаме на 14 милиони евра месечно. Тоа е најголемата причина за економскиот пад. Со вака преполовени капитални инвестиции паѓа и градежништвото кое е мотор на растот на БДП, а кога паѓа градежништвото со него паѓаат и уште 25 груги индустриски гранки, и паѓа целата економија. И ако порано на секои два дена слушавме добри вести во економијата, денес секој ден слушаме лоши. Како извозот паѓа, колку индустриското производство оди надоле, како платите опаѓаат, Бруто домашниот производ опаѓа. Жива странска инвестиција не доаѓа, а тие што се тука размислуваат да си заминат. Рекетот се врати по улиците, криминалот длабоко навлегува во секоја пора во општеството. Граѓаните се несигурни“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Тој додаде договорот со Бугарија кој го склучила СДСМ бил штетен за државата, а за склучувањето на тој договор никој воопшто не го прашал народот.
„Еве сега на овие избори треба народот да одлучи дали Илинденското востание е бугарско или македонско, дали Гоце Делчев, Даме Груев и останатите борци се Македонци или Бугари. Со Грција те не договаарат те договараат комисии за ревидирање на историјата. И додека ова се случува зад грбот на народот гледаме дека има тендери, ама тие одат кај луѓето од власта, нивните фирми и компании се единствеите за кој дојде животот. Домашното стопанство кризира. Секој ден е се потешко и потешко. Главната преокупација не им е економијата и народот, туку како може да злоупотребат некоја функција и бенефиција. Политичката хајка врз кандидати за градоначалници и градоначалници им е единствен проект во локалната самопурава, друг нема. Мислат така ќе не уплашат, а не сфаќаат дека се прочитани и народот тоа ќе го казни на 15 октомври“, додаде Груевски.
Тој истакна и тоа дека СДСМ ветиле повисоки пензии, а реално им го укинале покачувањето на пензионерите. Земјоделците ги заборавија, и наместо 10 отсто зголемување, субвенции имало само за оние кои имаат поголем принос.
„Имаме автопати и патишта кои ги почнавме, а тие ги заглавија и не се градат, радиодифузна такса, која се уште се плаќа, ефтина струја која сеуште ја нема, даноци кои ќе се покачат, струја која ќе поскапи. Ние Македонија чекор по чекор ја качувавме на скалата на Светскиот економски форум.
Денес по 15 години, Македонија е исклучена од Извештајот за конкурентност. Девизните резерви продолжуваат да се топат, нови 4 милиони евра во август се потрошени, а бројката помина над 180 милиони евра откога се на власт. Во секое поле неспобност и аматеризам. Кога сакате да ви се поправи колата, ја носите кај помошникот или кај вистински мајстор?
Кога сакате да ви се окречи куќата, викате некој приправник или пак вистински молер? Кога сакате да ја шишате косата, дали преферирате приправник или искусен фризер или бербер?
Овие приправници се обидуваат да летаат авион, а ни велосипед не знаат да возат. И тоа не можат да го направат. Тие не можат да ги водат и управуваат нашите градови, тие се неспособни да ги решаваат проблемите на граѓаните. Тие не можат да ја водат Македонија во потребниот правец.
Настрана водењето на државата, две овци да им даде човек ќе ги загубат. Тие никогаш не ги исполнуваат своите обврски. Но, едно добро знаат да прават- да продаваат ветер и магла.
ВМРО е мајсторот. ВМРО има способност, вештини, проекти, визија и храброст. Кога нешто ќе ветиме, секогаш сме доследни на нашите зборови. Кога ќе речеме дека нешто ќе направиме, ние секогаш исполнуваме. Ние сме ВМРО. Ние работиме и тоа не разликува од нив. Политиката на ВМРО произлегува од проекти и решенија. Решенијата и проектите ја формираат нашата политика. Ние зборуваме за тоа што ќе постигнеме. Ние зборуваме за тоа што ќе создадеме. Ние имаме проекти за Македонија. Ние имаме визија за Македонија. Ние имаме решенија за Македонија“, рече Груевски.
Тој потенцираше дека тие нуделе Нова Ера за Македонија. Нова ера во која нема да има неасфалтирана и неосветлена улица, новата ера каде имало предвидено парк во секое маало. Нова ера на 150 илјади нови работни места, односно пад на невработеноста под 10 %.
„Кога можевме да ја намалиме од 38 на 22,6 осто, можеме да ја спуштиме и под 10 осто. Нова ера на двојно намалена невработеност кај младите и поголеми можности за стекнување со сопствен дом. Нова ера на 2 ипол пати повисок приход по жител – односно од 5 на 12 илјади долари. Тоа значи 2,5 пати побогати граѓани, но и 2,5 пати повеќе пари во државата за капитални проекти, нови патишта, нови водоводи, болници, канализации, нови училишта, улици, паркови. Нова ера на најниски даноци, поголеми плати, пензии субвенции. Нова ера на големи вложувања во екологијата. Во тоа се разликуваме. Тоа е она што нашиот народ го бара од нас. Нашиот народ сака проблемите да му бидат решени. Тој сака неговите градови да се развиваат. Нашиот народ сака помала невработеност, повисоки плати, поквалитетно образование, подобри болници и услови за подобар бизнис. Затоа гласно викаме- секогаш работа, секогаш Македонија“, посочи Груевски.