Ристески : СДСМ ни го продаваат најсветото, сакаат промена на историјата, двојазичност, мигранти – народот ќе ги казни на 15 октомври

Прилепчани вие сте тие кои ја пишувавте и пишувате историјата со која се гордееме денес. Секогаш сме биле цврсти, храбри, истрајни и секогаш сме застанувале на браникот на својата татковина. Верувајте така ќе биде и овој пат, бидеќи сега сме најпотребни на Македонија на Прилеп, на се она што ни го оставија нашите прадедовци. Ова вечерва во Прилеп на митингот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го истакна кандидатот за градоначалник Марјан Ристески.

 

„Не боли душата, солзи ни идат на очите кога слушаме како од срцето на Прилеп најавуваат двојазичност, зарем тоа го заслужуваат прилепчани ? Како не им е срам кај ќе им оди душата и како ќе се појават пред нивните деца, пред нивните внуци – како ќе им го објаснат тоа. Ни го продаваат најсветото, го потпишаа срамниот договор со Бугарија од кој најмногу сме погодени ние – да ние прилепчани !

 

Ја повредија гордоста, ги повредија чувствата на Прилеп кој даде над 600 жртви во борбата над фашистичката окупација. Овие полтрони и предавници сакаат да го стават во дилема народот дали биле залудни тие жртви и дали било тоа граѓанска војна како што кажуваат.  Доаѓа најсветлиот празник во историјата на прилеп – 11 октомври,после овој срамен договор почитувани сограѓани што ќе славиме , што ќе слават !!!

 

Дали ќе не тераат во иднина да ја промениме историјата ?  Да кажеме дека участакот не бил фашистички затвор каде биле мачени и убивани луѓе. Одговор можат да добијат и од боречката организација каде без срам и перде се чести гости.

 

Овие како што се тргнати да го променат името на државта, така ќе не натераат да го промениме и името на Паркот на Револуцијата ,од „Могила на непобедените во „Могила на Залудно загинатите во граѓанска војна“ – Срамота.

 

Предавството да биде уште поголемо кон прилепчани овие уништувачи на Прилеп и Македонија посакуваат да ја сменат и демографската слика на градот

Замислете во план им е илјадници мигранти и избеглици од Сирија, Алжир Авганистан….  Да ни ги вгнездат тука и од еден од најмирните, најубави места за живеење да го претворат во град на немир и несигурност.

 

И најголемото демократско право на еден народ да одлува на референдум – го скратија , господата од СДС не дозволија народот да одлучи дали сака бегалци, мигранти и немир во  градот – или не !

 

Е, почитувани сограѓани токму одовде од оваа говорница од центарот на градот, од плоштадот Методија Андонов Ченто да им порачаме  –  ДА – референдум ќе има, референдум ќе бидат претстојните локални избори на 15 октомври кога народот ќе излезе и ќе ги казни овие погрешни предавнички политики, ќе бидат казнети – верувајте,  народот е со нас, народот е со ВМРО-ДПМНЕ и Здружената коалиција“, истакна Марјан Ристески, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Прилеп.

 

 

Ристески рече дека исто како и во 2001 година ќе застанел во одбрана на Татковината и во одбрана на заедничките интереси на прилепчани да не се населеле мигранти. Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да се скратуваат субвенциите и понижување земјоделците како што тоа СДСМ го правеле во минатото. Немало да дозволат понатамошно бркање на странските инвеститори и уништување домашните компании и економија.

 

„Викаат дека ќе го врателе сјајот на Прилеп, животот ќе се врател, а јас да ги потсетам каков беше животот и сјајот во Прилеп во нивно време : 40.000 невработени, 65% неасфалтиран град, град без капка вода со месеци, град без канализација , без осветлување, град без плоштади паркови и зеленила, уништени училишта, уништени села, без игралишта без спортски сали и инфраструктура. Во нивно време Прилеп беше град кој важеше за најголема депонија со најруинирана ромска населба во Македонија. Град без културни и спортски манифестации, град без идентитет и уништени симболи. Нивното време е време на очај и на безизлезност посебно кај младите луѓе.

 

Но за наша голема среќа, а за нивна политичка фрустрација денес Прилеп е град на странски инвестиции, нови индустриски зони, рекордно намалување на невработеноста и развој на домашните компании. Град со најдобра патна, водоводна и канализациона инфраструктура. Денес Прилеп е најчистиот и најеколошки град во Македонија. Град кој доби над 200.000 м2 нови парковски површини. Образованието е нашата гордост. Нема училиште на територијата на Општина Прилеп што не е комплетно реновирано. Град со нови спортски сали и нови терени. Град на фестивали, манифестации и спортски настани. Денес Прилеп е град со идентитет, град на горди прилепчани. Прилеп денес е град пример за соживот на македонското, ромското и турското население.

 

Заедно со сите вас почитувани сограѓани се  вградивме во проектот наречен  – прилеп европски град. Транспарентното, отчетно и домаќинско работење беа главен приоритет на нашето функционирање. Така ќе продолжиме и понатаму.

 

Смешно е кога политичкиот противник ги држи нивните прес конференции во било кој дел на градот и населените места, каде и да погледнат :  и лево и десно и горе и долу, сето тоа се проекти реализирани од оваа локална самоуправа и од владата на ВМРО-ДПМНЕ на чело со претседателот Никола Груевски.

 

Ниту еднаш не покажаа доблест за да излезат и да пофалат нешто. Од нив слушаме само критики и нереални ветувања – затоа ќе изгубат на овие избори,  не сакаат да се соочат со реалноста во прилеп.

 

Не можеа до последно да се договорат за кандидат за градоначалник гледајќи ги рејтинзите и плашејќи се од сето она што е сработено досега во градот. Па кандидираа 63 годишен човек кој освен што земал плата овие 5 години како советник не ги научил ниту основните функции на работењето на советот и општината. Па овие денови се изнаслушавме глупости од негова страна кои немаат допирна точка ниту со реалноста ниту со функционирањето на локалната самоуправа. Против кандидатот ако продолжи вака со ветувања 4 државни буџети нема да му стасаат. Од тука се гледа колку е реалната намера да се направи нешто за прилеп од нивна страна и колку со потценување влегуваат во сето тоа спрема сопствениот народ. Ете затоа народот ќе ги казни на овие избори“, додаде Ристески.

 

 

Ристески рече дека дури и роднините и пријателите на членовите на СДСМ признавале за успехот на Прилеп. Тоа нив ги нервирало и тоа било тоа со кое тие не можеле да се помират. Тој кажа дека тие ќе продолжеле со реализација на идни капитални проекти кои ќе го подобреле живеењето во градот и населените места.

 

„Во наредните 4 години ќе продолжиме со носење на нови домашни и странски  инвстиции и дооформувањена индустриските парцели. Ветувам во наредните години : 5 до 7.000 нови вработувања во градот. Прилеп град со ниска стапка на невработеност, Прилеп перспективен град за млади. Во наредните 4 години ветуваме гасификација на Прилеп, која ја започна владата на ВМРО-ДПМНЕ, а од која благодет ќе имаат сите граѓани и стопанството. Продолжување на фабриката за секундарна селекција на отпад и компостара со крајна цел производство на електрична енергија и биогас, прва од таков вид во Македонија.

 

Субвенционирање на велосипеди и набавка на електрични возила за чиста животна средина. Нова фасада на бизнис центарот и рибниот ресторан за да бидат огледало, а не срам за градот. Субвенционирање на фасади и влезни врати со домофони за колективните станбени згради. Моќни и ефикасни јавни претпријатија во служба на граѓаните. Градски  пазар – соларна централа за производство на електрична енергија за потребите на граѓаните и локалната самоуправа. Ќе отвориме  4 нови градинки и ќе го зголемиме нивниот капацитет за 600 деца. За прв пат на историјата на Прилеп партерно ќе биде уредено речното корито по целата негова должина. Градската река ќе биде гордост на градот. Нови кружни текови и реконструкција на мостовите.

 

Комплетна реконструкција на старата чаршија. Ќе се продолжи пешашката улица до ООУ „Кочо Рацин“. Поплочување на уличките позади бизнис центарот. Нов плоштад кај Стара црква …. Со ова Прилеп ќе има најрепрезентативен центар во Македонија. Нови булеварски улици : 11 октомври, Кеј 1 мај, Цар Самоил. Доасфалтирање на сите улици во градот и населените места и поплочувања на тротоарите. Набавување на нови автобуси за градскиот превоз и негово осовременување со воведување на нови линии како во градот така и до сите населени места.

 

Продолжување со реконструкциите во училиштата. Изградба на нови термо фасади за енергетска ефикасност, нови спортски терени и инвентар во училиштата. Доградба на градскиот стадион „Гоце Делчев“. За 2 години Прилеп ќе го има новиот храм на фудбалот. Нови 100.000 м2 парковски површини во различни делови од градот. Секоја населба ќе има централен парк. 3 нови сали, нови терени за спорт, нови мултинаменски игралишта за кошарка, фудбал, ракомет, одбојка, тенис. Збогатување на арената во Лагово со нови содржини како картинг, маунтин бајк, пеинт бол и многу други содржини.

 

Дисперзирано инвестирање во сите населени места со нови канализациони и водоводни системи, патишта, осветлување, игралишта, и други содржини. Целта е изедначување на условите за живот во селата и градот. Доасфалтирање и завршување на изградбата на канализациониот систем во населбата Тризла со претежно ромско население и комплетно урбанизирање и уредување на ромските гробишта и урбанизација на Дабнички канал. Прилеп да продолжи и понатаму да биде центар на културни и спортски манифестации – предводник во алтернативниот туризам. Ќе се изгради центар за туризам „Крали Марко“ во населбата Варош“, истакна Ристески.

 

Тој ги повика граѓаните да гласаат за број 13, за да продолжеле заедно кон изградба на просперитетен и европски Прилеп, Прилеп кој бил гордост за сите граѓани.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи