ВИДЕО – ВМРО – ДПМНЕ : Општина Прилеп 12 години инвестира во развој младинското самовработување

Мерило за економски и социјален развој за една заедница, општество, е кога младите ќе почнат да се трансформираат од баратели на работа во работодавачи. Општина Прилеп веќе 12 години континуирано инвестира во оваа визија и обезбедува услови за развој на претприемништвото и бизнисот и младинското самовработување. Истакнаа на денешната прес конференција од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Во изминатиот период како локална самоуправа со поддршка на Владата на ВМРО ДПМНЕ и активните мерки за вработување им овозможивме на многу млади да го остварат својот претприемачки сон и да започнат сопствен бизнис.

 

За да им овозможиме успешно да ги развиваат сопствените прептриемачки визии ќе отвориме Бизнис старт-ап центар со бизнис инкубатор. Со ова ќе им овозможиме на граѓаните кои започнуваат бизнис, бесплатно да користат комплетно опремени работни канцеларии на период од 3 години без паричен надомест, да користат канцелариска и техничка опрема, сали за состаноци, советодавни услуги од експерти и ментори. Воедно ќе добиваат бесплатно обуки за претприемништво, маркетинг, проектен менаџмент, финансиско работење и комуникациски и презентациски вештини со што ќе ги надградат сопствените персонални и професионални капацитети.

 

За поддршка на младите со хендикеп во општина Прилеп ќе отвориме локален центар за стекнување на работни вештини Центарот ќе обезбедува практична настава преку која корисниците бесплатно ќе стекнуваат практични и применливи знаења за работа во повеќе области и ќе бидат повработливи на пазарот на труд.

 

Во соработка со локалниот бизнис сектор и стопанска комора ќе формираме локален систем преку кој на младите во и вон образовен процес ќе им овозможиме да го стекнат потребното практично искуство и знаења со кои ќе бидат поконкурентни на пазарот на труд.

 

Во соработка со училиштата и граѓанскиот центар ќе воведеме систем на кариерно советување и насочување, со кој на младите уште од рана возраст ќе им се развива претприемачкиот дух и во која насока ќе се продуцираат кадри кои се високо барани на пазарот на труд.

 

Ќе го поддржиме и стимулираме развојот на малите и средни бизниси, ќе обезбедиме поддршка преку обуки, учества на меѓународни саеми на фирмите кои имаат потенцијал за раст и ќе придонесеме за динамичен развој на овие претпријатија, бидејќи имаат потенцијал да креираат голем број работни мета за нашите сограѓани а посебно за младите.

 

Успешна и економски развиена општина, е нашата главна визија. Затоа, сите заедно после 15 Октомври ќе продолжиме да ја градиме иднината на нашата општина.

 

Иднината на Прилеп! Секогаш работа! Секогаш Прилеп!“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien