ВИДЕО – Ристески : Продолжуваме да се грижиме за културно–историското наследство и уметност

Општество без традиции и култура, нема идина. Наша должност е да го зачуваме  идентитетот. Ние веќе 12 години посветено и неуморно, вложуваме во развојот на културата, во традициите и обичаите, во историјата,  за да можеме заштитата на нашиот македонски идентитет да им ја оставиме во аманет на нашите идни генерации. Истакна на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Прилеп, Марјан Ристески.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Затоа со новата програма ќе реализираме огромен број на проекти:

 

-Ќе формираме културно туристички центар “Крали Марко“ во просториите на општествениот дом во населба Варош

 

-Ќе ги обновиме опожарените конаци во манастирот Трескавец Прилеп. Проектот  го започнавме со поддршка на Владата на ВМРО ДПМНЕ

 

-Општина Прилеп заедно со советот ќе обезбеди финансиска поддршка за формирање на градски оркестар и градски црковен хор

 

-Продолжуваме да ги негуваме традиционалните вредности  и со меѓународниот карневал Прочка, кој ќе добие Музеј на карневалот – репрезент на обичаите под маски карактеристични за балканските простори

 

– Заедно со уметнците ќе продолжиме Прилеп да го градиме како град на уметноста. Ќе обезбедиме локации за изработка на мозаици, графити, уметничка урбана опрема кои ќе овозможат визуелно искуство и модерен изглед на градот , а уметниците ќе добијат можност за уметничко изразување.

 

Доколку се обезбедат средства, Прилеп ќе добие нов театар!  Театарот  требаше да биде изграден со средства обезбедени од Владата на ВМРО ДПМНЕ! Истите тие, кои Владата на СДС ги укина со ребалансот на буџет пред само неколку месеци.

 

Затоа Прилепчани ќе гласаат за дела! Ќе гласаат за луѓе кои ја сакаат својата општина и држат до својот збор!  Ќе гласаат за број 13!“

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien