Видео-Јованоски: Ќе обезбедиме енергетско ефикасни фасади за граѓаните

Сликата на стамбени објекти чии фасади се распаѓаат не е реткост во Прилеп. Во соработка со Европската банка за обнова и развој и со средства од ИПА фондовите ќе им помогнеме на нашите сограѓани да го решат овој проблем. Прилеп ќе го претвориме во урбан град и ќе обезбедиме квалитетни услови за живот, изјави во денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ за Прилеп, Илија Јованоски.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Стоиме пред оваа зграда во населбата „Точила“ и како што може да забележите, објектот е со руинирана фасада. Оваа слика на станбени објекти, чии фасади се распаѓаат не е реткост во Прилеп. Но, моите сограѓани немаат финансиска можност, да го решат овој проблем сами.

Затоа, во мојата програма предвидувам мерки и планови за урбан град и за урбанизација на населените места.

Во соработка со Европската банка за обнова и развој и со средства од ИПА фондовите на Европската Унија, како и други донатори, ќе ја заокружиме финансиската конструкција и ќе инвестираме во енергетска ефикасност на приватните колективни објекти, на индивидуалните станбени објекти во Прилеп и околните населени места.

Индустриските објекти, како и бјектите коишто се во надлежност на локалната и централната власт, ќе имаат можност да добијат енергетски ефикасни фасади и квалитетно и ефикасно осветлување.

Сите училишта и градинки во општината ќе добијат енергетско-ефикасни фасади и покривни решенија. Ќе се изврши и замена на осветлувањето со енергетско-ефикасно осветлување со користење на ЛЕД диодни светилки.

Јавното осветлување во градот ќе биде изведено со фото-волтаични системи и ЛЕД диоди и со сензори за синхронизација со дневната светлина. Ќе имаме светли улици, светол град.

Паралелно ќе ги намалиме трошоците на граѓаните за електрична енергија и светилки.

Во пакет со гасификацијата, ќе воведеме и централно греење. Оваа мерка значително ќе влијае врз намалување на трошоците за енергија, но ќе спречи и загадувањето на градот.

Почитувани сограѓани, сите овие проекти, ќе бидат реализирани не со ваши пари, не со пари од општинскиот буџет, туку исклучиво со мои заложби и со заложби на новиот состав на Советот, од странските фондови и донатори.

Ние обезбедуваме квалитетни услови за живот за сите Вас“, изјави Јованоски

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien