ВИДЕО : Се запали најголемиот пазар во Москва, евакуирани над 3.000 луѓе

Се запали најголемиот пазар за градежни материјали во Москва. Првично огнот зафатил 600 квадратни метри, но само неколку минути по пристигнувањето на пожарникарите тој се проширил на над 1.000 метри квадратни. Околу 86 тимови на пожарникари се испратени на местото на настанот.

 

Таму има и 25 полициски тимови, бидејќи работниците на пазарот се обидуваат да навлезат во огнот за да ја спасат својата стока.
Во гаснењето учествуваат и три хеликоптери. Според московски медиуми, трите хеликоптери веќе исфрлиле над 75 тони вода за 15 летови. Евакуирани се над 3.000 луѓе.

 

Медиумите објавија дека пожарот веќе се зголемил на 55.000 квадратни метри, а автомобилите паркирани во областа почнале да експлодираат, објави руската разузнавачка агенција. Постои опасност целата зграда да се распадне.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien