ВИДЕО – Ристески : Ќе продолжиме со капиталните инвестиции во образованието

Почитувани сограѓани, главен наш приоритет е образованието. За 12 години инвестиравме 12 милиони евра во училишните објекти , инвестиравме буквално  во секое училиште кое се наоѓа на територијата на Општина Прилеп.  Училиштата ги затекнавме како руини без ниту една инвестиција со децении , а денес имаат современ и европски изглед, денес тоа е гордост на прилепчани. Истакна на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Прилеп, Марјан Ристески.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„И понатаму ќе продолжиме со инвестирање во образованието и нашата иднина, нашите деца.

 

За неколку недели ќе се заврши изградбата на основното училиште во населба Сточен Пазар кое ќе биде отворено за големиот патрон на градот св. Никола и ќе го носи неговоро име .

 

Уште 3 нови спортски сали ќе добијат основните училишта Кире Гаврилоски – Јане, Кочо Рацин и Блаже Конеки.

 

Нова термо фасада ќе добијат сите основни и средни училишта во градот и населените места за подобар изглед и енергетска ефикасност.

 

Ќе направиме комплетна реконструкција на санитарните јазли во основното училиште Гоце Делчев и училиштето во  Големо Радобил

 

Во сите основни и средни училишта дворовите ќе бидат претворени во парковски површини со зелени ботанички градини, да прераснат во еколошки училишни дворови.

 

Целосна реконструкција на подрачното училиште од Добре Јованоски во воената зграда Лазо Филипоски- Лавски.

 

Основните училишта Круме Волнароски  во  Тополчани и Старо Лагово ќе добијат систем за централно греење и комплетно партерно уредување на училишниот  двор.

 

Централно греење ќе добијат училиштата во Мало и Големо Коњари, а исто така во објектот на основното училиште во Мало Коњари  ќе се отвори и детска градинка.

 

Комплетна санација на училишната зграда во Мажучиште и партерно уредување на училишниот двор.

 

Препокривање на училиштето  Кирил и Методиј во Канатларци , а ќе добие и ново повеќенаменско игралиште и балон сала.

 

За музичкото училиште „ Ордан Михајлоски – Оцка“ ќе се набават нови музички инструменти, а нова теретана ќе добијат средните училишта Ѓорче Петров, Орде Чопела и Ристе Ристески – Ричко.

 

Во  Гимназијата  „Мирче Ацев“ ќе се изврши промена на останатиот дел од надворешната столарија, ќе се гради фудбалско игралиште со вештачка трева, , целосно препокривање на училиштето, внатрешна санација на дел од кабинетскиот простор, како и целосно партерно уредување на просторот позади училиштето.

 

Целосна санација на стариот училишен објект во средното општинско училиште „Кузман Јосифоски – Питу“ во близина на старата железничка .

 

Во средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ ќе се изврши санација на санитарните јазли и ќе се заврши со доуредување и целосно оградување на училишниот двор , а  „Орде Чопела“ ќе добие нови парни котли и партерно уредување.

 

Ќе се уредат просториите за практична настава во старата котлара во средното училиште  „Ристе Ристески – Ричко“ како и санација на санитарни јазли и подовите од училниците и ходниците.

 

Ќе ги опремиме сите основни и средни училишта со современи нагледни средства ,набавка на спортски реквизити,бесплатен интернет и систем за обезбедување за поголема безбедност на нашите деца.

 

За секој првоодделенец ќе обезбедиме  бесплатен училишен ранец и ученички прибор ,а  ќе субвенционираме  униформи за учениците  во сите основни, средни училишта на територија на Општина Прилеп

 

 

Инвестиции ќе имаме и во градинките „Наша Иднина“, како што се промена на надворешната столарија и термо фасади, санација на покривите, како и изградба на 4 нови градинки во населбите Точила, Рид, Сточен Пазар и Корзо.

 

Ќе доделиме стипендии за најдобрите 5 студенти од нашата општина селектирани по критериуми определени со правилник на Општината.

 

Прилеп е единствена општина во Македонија која има изготвено Правилник за наградување  талентирани ученици и студенти , ќе продолжиме и понатаму да ги наградуваме за успехот и освоените врвни резултати.

 

Нова мултифункционална читална во центарот на градот која ќе има капацитет од 100 до 150 места и  компјутери кои ќе им бидат на располагање на сите граѓани.

 

Спогодба помеѓу општината , бизнис секторот и средните технички училишта со цел продуцирање практична настава и продуцирање кадри кои ќе одговорат на потребите на домашните и странските компании во градот.

 

Затоа Прилепчани ќе гласаат за дела!

Ќе гласаат за луѓе кои инвестираа и ќе инвестираат во образованието!

Ќе гласаат за број 13 за образован и едуциран Прилеп !

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien