ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ немаат елементарно познавање за функционирањето на локалната самоуправа

Со денешната „сензационалистичка“ прес конференција СДСМ повторно докажаа дека немаат елементрано познавање за функционирањето на локалната самоуправа. Општината нема никакви ингиренции во донесувањето на одлуки за изградба на пречистителната станица и таа целосно е во рацете на Министерството за животна средина и Министерството за финансии, кои сега се под контрола на СДСМ, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата за денешната прес конференција на СДСМ.

 

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Денеска бевме сведоци на уште една од низата „сензационалистички“ прес конференции од СДС на која тие уште еднаш докажаа дека немаат елементарно познавање за функционирањето на локалната самоуправа.

Се поставува прашањето како планираат да водат една Општина кога немаат никакво познавање за нејзините надлежности ?

Општината како краен корисник на пречистителната станица нема никакви ингеренции во донесување на одлуки кои се поврзани со изградбата на истата.

Министерството за животна средина после изградбата и пуштање на објектот во употреба го предава истиот на Oпштината каде што после примопредавањето Oпштината ја превзема одговорноста во нејзиното управувањe.

Значи сите ингеренции околу изградбата на пречистителната станица во Прилеп моментално се во рацете на Министерството за животна средина и Министерството за финансии кои сега се под контрола на Владата на СДС.

Доколку навистина сте толку загрижени за Прилеп сега имате можност нешто да направите. Но, по се изгледа, како и досега, се ќе остане само на празни зборови, затоа што вие освен лажни ветувања немате реализирано ниту еден проект во Прилеп. Замислете ниту еден, колку е тоа жално за вас“, се вели во реакцијата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien