По Турција и Саудиска Арабија ќе го набави рускиот C-400

Руската Федерална служба за воено-техничка соработка соопшти дека денеска било догорено Русија да и го испорача на Саудиска арабија  системот за противвоздушна одбрана С-400.

„Потврдуваме дека со Саудиска Арабија е постигнат договор за испорака на ракетни системи за противвоздушна одбрана С-400, противтенковски ракети Корнет-ЕМ, ракетен систем ТОС-1А, автоматски фрлач на гранати АГС-30 и пушки АК-103 Калашњиков“, соопшти Федералната служба.

Саудиската телевизија „Ал-Арабија“ минатата недела јави дека за време на посетата на кралот Салман во Москва бил постигнат договор Саудиска Арабија да купи руски ракетен систем С-400.

Претходно аванс за купување на овој руски ракетен систем С-400, уплати и Турција.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien