Руската Федерална служба за воено-техничка соработка соопшти дека денеска било догорено Русија да и го испорача на Саудиска арабија системот за противвоздушна одбрана С-400.
„Потврдуваме дека со Саудиска Арабија е постигнат договор за испорака на ракетни системи за противвоздушна одбрана С-400, противтенковски ракети Корнет-ЕМ, ракетен систем ТОС-1А, автоматски фрлач на гранати АГС-30 и пушки АК-103 Калашњиков“, соопшти Федералната служба.
Саудиската телевизија „Ал-Арабија“ минатата недела јави дека за време на посетата на кралот Салман во Москва бил постигнат договор Саудиска Арабија да купи руски ракетен систем С-400.
Претходно аванс за купување на овој руски ракетен систем С-400, уплати и Турција.