ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Ние си имаме наша македонска историја, а Зоран Заев и СДС сакаат да ја сменат

Во ова исто време на 10 Октомври, започна вооруженото востание на Македонскиот народ против бугарскиот фашистички окупатор. Овде, во овој објект, брутално се измачувани македонските дејци од страна на бугарските фашистички окупатори. Од тие што сакале да го уништат македонскиот народ. Рекоа на денешната прес конференција од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Утре е 11 Октомври, денот кога се присетуваме и поклонуваме пред македонските херои, пред Методија Андонов -Ченто, Кузман Јосифоски – Питу, Мирче Ацев, пред илинденците и плејада други кои својот живот го дале за слободна и независна Македонија.

 

Но ете, сведоци сме денес после толку години, како Зоран Заев и СДС сакаат да не натераат да прaзнуваме заедничка историја.

 

Дали може да имаме заедничка историја кога на 11 Октомври македонскиот народ организирано со оружје се крена против бугарскиот фашистички окупатор? Одовде можеме да побараме извинување од Бугарската држава и репарација за направената штета.

 

Ние си имаме наша македонска историја, македонска револуционерна борба и сами ние Македонците се изборивме за самостојна и суверена Република Македонија.

Имаме само наш Илинден 1093, 1944, 1991. Денес сме исправени пред четвртиот Илинден за зачувување на Македонската држава, македонската нација, македонскиот јазик и македонската историја.

 

Драги Македонци, сите вие дадовте дел од својот живот за самостојна Република Макеоднија, а многу Македонци ги положија и своите животи за оваа света цел.

Денес редот е на нас исправено да застанеме во одбрана на Македонија на 15 Октомври. Да кажеме НЕ за мигранти, НЕ за двојазичност, НЕ за бинационална држава!

 

Да заокружиме сите заедно број 13 за најголемата победа.

 

На 16 Октомври да славиме четврт Илинден и 124 години македонска револуционрна борба.

 

Борбата не престанува!

 

Секогаш работа!

Секогаш Македонија!

Секогаш Прилеп!“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien