ВИДЕО – СДСМ : Во очи 11 октомври го чистиме споменикот кај „Песјобрдце“

11-ти октомври е еден од најважните празници во државотворната историја на Република Македонија. Празник кој е на исто рамниште со Илинден и со Денот на независноста. Истакнаа на денешната прес конференција од СДСМ Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„За нас, граѓаните на Прилеп, е уште повеќе важен, затоа што 11ти октомври е длабоко втемелен во нашиот идентитет како револуционерни граѓани, во нашиот колективен дух, како борци за слобода и правда.

 

Ние ги зачувуваме тие вредности од заборавање.

 

Денес, во очи празникот 11ти октомври, оддаваме почит на сите кои на тој ден 1944 година го започнаа ослободувањето на Прилеп, а го завршија на 3ти ноември истата година.

 

Го чистиме спомен обележјето кај месноста „Песјобрдце“ и оддаваме почит на делото и жртвата на борците од народно ослободителната борба, заради кои гордо го носиме епитетот „Град херој“.

 

Како и во минатото, така и сега, прилепчани се секогаш први во борбата за слобода. Но, таа борба, за жал, се’ уште трае.

 

Денес, тоа е борба за ослободување на општина Прилеп од рацете на Марјан Ристески, и локалните моќници кои во изминативе 12 години, уништија 12 генерации на млади луѓе.

 

Денес, тоа е борба за еднакви шанси за работа и живот на сите во Прилеп, а не само за повластени поединци.

 

Денес, тоа е борба за локален економски развој, за нови работни места, за достоинствена плата за сите.

 

Затоа, на 15 октомври таа битка мораме заеднички да ја добиеме. Сите генерации заедно!

 

Го заокружуваме бројот 19 за новиот градоначалник Илија Јованоски и за живот во Прилеп за сите. “

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи