СДСМ: Искрено извинување до целата јавност за лапсусот во нашата денешна изјава од партизанското спомен обележје кај месноста „Песјобрдце“.

Еден од најзначајните и најголемите датуми во нашата историја е секако денот на започнување на НОБ, односно 11 Октомври и сите ние како граѓани на Прилеп се гордееме со овој празник. Направената грешка при давањето на денешната изјавата е плод на нашата огромна желба да ја искажеме неизмерната благодарност и почит кон сите оние кои Револуцијата ја вградиле во своите животи.  11 Октомври бил и секогаш ќе биде дел од нашиот дух и искрено и’ се извинуваме на целата прилепска јавност, стои во соопштението на СДСМ, по повод направена грешка на денешната прес конференција на партијата од местото „Песјобрдце“.

 

Соопштението го пренесуваме во целост.

 

„Сите ние, граѓаните на Општина Прилеп, без разлика на нашата политичка, етничка, верска или каква било друга определба, подеднакво се гордееме со празникот 11.Октомври како еден од најголемите и најзначајните датуми во историјата на Република Македонија. Доказ за нашата почит кон празникот, е што митингот на СДСМ и коалицијата во Прилеп се одржува токму на овој историски датум, 11.Октомври.

Денес, со чистењето на ѓубрето од споменичниот комплекс кај месноста „Песјобрдце“, младите социјалдемократи изразија достоинствена и заслужена почит за жртвата на сите херои од НОБ. И тие, подеднакво како и нивните постари партиски другари и пријатели, отсекогаш ја искажувале целата своја почит кон сите херои и борци кои на 11.Октомври 1941 година го започнаа ослободителното движење против фашистичкиот окупатор, се’ до конечното ослободување на Прилеп на 3.Ноември 1944 година. Направениот лапсус при давањето на изјавата од партизанското спомен обележје, е плод на нашата огромна желба да ја искажеме неизмерната благодарност и почит кон сите оние кои во Револуцијата ги вградиле своите животи.

Впрочем, секој што работи и греши!

Искрено и’ се извинуваме на целата прилепска јавност, како и на сите оние кои се најдоа повредени од направената грешка. 11.Октомври бил и секогаш ќе биде во нашиот дух како граѓани почитувачи на Револуцијата и на НОБ“, стои во соопштението.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien