ВИДЕО – Ристески : Младите се нашата иднина и наш приоритет

Силата на еден град се темели врз цврста младина, полна со енергија и елан за нови предизвици. Во изминатите 12 години општина Прилеп реализираше многу проекти, многу нови идеи кои произлегоа токму од младите. Ова го истакна кандидатот а градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Прилеп, Марјан Ристески.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Заедно изградивме спортски игралишта, на идеја на младите отворивме ново кино, го подобривме и унапредивме и формалното и неформалното образование во градот, ги реновиравме сите училишта зошто основа на секое општество е образованието на младите. Ги поддржавме и заедно со младинските организации, реализиравме локална стратегија за млади. Младите во Прилеп добија нови повеќенаменски игралишта, скејт парк, фитнес зони, трим патеки, фудбалски игралишта, нови училишни сали, добија услови за спорт и рекреација на високо ниво.

 

И во наредниот период младите ќе бидат наш приоритет.

 

  • Во наредните 4 години ќе бидат отворени од 5 до 7 илјади нови работни места каде ќе се вработат голем број на млади луѓе во домашните и странски компании

 

  • Поддршка за отварање на бизниси за млади

 

  • Спогодба помеѓу општината , бизнис секторот и средните технички училишта со цел продуцирање практична настава и продуцирање кадри кои ќе одговорат на потребите на домашните и странските компании во градот

 

  • Бесплатно давање на градежно земјиште и ослободување од комуналии за изградба на семејни куќи

 

  • Ќе доделиме стипендии за најдобрите 5 студенти од нашата општина селектирани по критериуми определени со правилник на Општината.

 

  • Прилеп е единствена општина во Македонија која има изготвено Правилник за наградување талентирани ученици и студенти , ќе продолжиме и понатаму да ги наградуваме за успехот и освоените врвни резултати.

 

 

  • Со цел за сеопфатно и квалитетно да се решаваат проблемите и потребите на младите, заедно со младите ќе креираме локална младинска стратегија за периодот 2017-2021 година.

 

  • Ќе субвенционираме до 50 % од годишната котизација во државна квота за студирање на факултети во Република Македонија кои продуцираат кадри кои се дефицитарни на пазарот на труд.

 

  • За поддршка на младите со хендикеп во општина Прилеп ќе отвориме локален центар за работни вештини во кој ќе имаат можност да стекнат одредени работни и професионални вештини со кои ќе бидат конкурентни на пазарот на труд.

 

  • Ќе организираме саеми за вработување на млади и ќе продолжиме со поддршката на младинските здруженија и иницијативи.

 

  • Во Канатлраци и кај Рампо Левката ќе изградиме две повеќенаменски игралишта на 5 локации во градот,

 

  • ќе изградиме 5 баскет игралишта и ќе поставиме пинг понг маси.

 

  • Ќе продолжиме со поддршка на младинскиот информативен и советодавен центар

 

  • Ќе продолжиме да даваме целосна поддршка на младинскиот совет, кој во соработка со младите, училиштата, граѓанските младински организации, ќе биде мотор на развојот на младинските политики во општина Прилеп.

 

  • Ќе обезбедиме финансиска поддршка на граѓанскиот НВО сектор

 

 

Продолжуваме со просперитетна општина, општина во кои ќе има многу нови вработувања и нови компании со кои ке раководат токму младите

 

Општина Прилеп е партнер на младите и затоа заедно, продолжуваме да работиме за Прилеп, да работиме за иднината

 

Гласајте за бројот 13, гласајте за многуте нови инвестиции за младите лица во Прилеп“

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien