ВИДЕО – Ристески : Лицемерно е луѓе кои ја менуваат историјата да се поклонуваат на Могилата

На сите граѓани на Р. Македонија, на сите граѓани на Општина Прилеп им го честитам, 11 Октомври, денот на народното востание. Тука сме да дадеме почит на овие луѓе кои ги дале своите животи во НОБ за самостојна и независна Македонија. Рече носителот на советничката листа за Прилеп, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Петар Ристески.

 

 

Изјавата ја пренесуваме во целост.

 

„11 Октомври е континуитет на вековната борба на Македонците за своја сопствена држава. Денес ќе продолжиме по нивниот пат да ја претвориме нашата држава во просперитетна и економски силна Македонија.

 

Но за жал лицемерно е некој кој потпишуваат штетни договори да се поклонуваат на ова свето место за нас Македонците. Лицемерно е луѓе кои ја менуваат историјата на Македонија да се поклонуваат на ова место. Да си ја зачуваме Македонија, да си го зачуваме Прилеп. Прилеп бил и ќе биде револуционерен град. Секогаш се кревал да си ја одбрани својата чест, така ќе биде и сега.“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien