ВИДЕО – Јованоски : Денешниот 11 Октомври е предвесник на промените во Прилеп

Денеска се навршуваат 76 години од почетокот на НОБ во 1941 година. Прилеп како револуционер положи 10 Народни херои, 154 носители на партизанска споменица и 462 борци кои се потпишани на овие плочи на Могилата како резултат на нивната заложба за слободна Македонија. Ова го истакна кандидатот за градоначалник од СДСМ за Прилеп, Илија Јованоски.

 

 

Изјавата ја пренесуваме во целост.

 

„Како влог на сето тоа Маршалот Јосип Броз Тито го додели Орденот град херој на Прилеп, но минатото раководство на ВМРО-ДПМНЕ дозволи да се украде и уништи тој орден. Исто така и во овие 12 години ВМРО-ДПМНЕ продолжи да го уништува градот. Но понатаму нема да дозволиме да се случува тоа во Прилеп доаѓа нов живот. Нема да дозволиме младината да се иселува од државата туку да се вработува тука. Во нашиот град ќе има живот за сите“

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien