ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Во наредните 4 години Прилеп останува гордост на секој прилепчанец!

И во наредните години како и до сега, продолжуваме со работа, продолжуваме да го градиме Прилеп со цел да остане гордост на секој жител на нашата општина. Во изминатите години во областа на комуналното уредување се направија револуционерни промени, со кои градот прерасна во модерно и урбано место на живеење за граѓаните од сите генерации. Рекоа на денешната прес конференција од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Прилеп дополнително ќе се разубавува со нови содржини, нови паркови, плоштади, нови места кои граѓаните ќе се дружат, ќе стекнуваат нови пријателства и ќе поминуваат дел од своето време.

 

Новиот урбан лик на населбата “Точила” ќе биде заокружен со доизградбата на плоштадот пред новоизградената црква Св. Петка и паркот во делот Точила 3. Со тоа оваа населба во која живее речиси една третина од населението во градот целосно ќе се доуреди.

 

Нови плоштади со зелени површини и хортикултурно уредување со модерна урбана опрема ќе никнат и кај црквата Св. Благовештение,како и  на просторот под Участокот во центарот на градот.

 

Прилеп ќе добие и нови паркови и тоа: парк на просторот помеѓу зградите во населбата Бончејца, парк во касарната Мирче Ацев, како и нов парк во населбата Вишне во близина на градинката Аличаир.

 

Во програмата од новата ера за Прилеп предвидено е и уредување на просторот помеѓу зградите на улицата Петта прилепска бригада и нов модерен парк во дворот на ООУ “Гоце Делчев” .

 

Ќе продолжиме дополнително да го уредуваме и “Паркот на револуцијата”, каде ќе се направи парк за миленици, ќе се изгради град на дрва и мини голф игралиште.

Нема да ги заборавиме ниту населените места и во наредниве 4 години. Ќе продолжиме како и до сега со градење на нови зелени површини и детски паркови во сите населени места во општина Прилеп.

 

Ќе продолжиме со изградбата на потпорни ѕидови со цел зголемување на безбедноста на граѓаните и сообраќајот. Вакви ѕидови ќе се градат на улиците: ул. „Прохор Пчински“, „Благоја Крстески” oколу ООУ„Блаже Конески“-Варош, Околу црква„СВ.Атанасие”-Варош и ул.„Преспанска”.

 

Со 30 милиони денари ќе се градат и нови кејски ѕидови по горниот и долниот тек на градската река и по текот на Дабнички канал.

 

Предвидуваме и продолжување на проектот за енергетска ефикасност преку вградување на енергетски ефикасни светилки од поновите генерации. Во периодот кој што следи ќе се отпочне со постепена замена на флуоросцентните светилки со нови со лед технологија, при што ќе се направи дополнителна заштеда од 30%.

 

Почитувани,

 

Вака се сака Прилеп и вака се работи за Прилеп! Граѓаните тоа го знаат и ќе го докажат кога во недела ќе го заокружат бројот 13 и својот глас ќе го дадат за Марјан Ристески и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што Прилеп заслужува најдобро!

 

Секогаш работа! Секогаш Прилеп и Македонија!“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи