На овој голем датум за Прилеп и Македонија, гордост е да се биде прилепчанец, да се биде жител на градот херој кој има дадено над 600 жртви во оваа антифашистичка револуција. Истакна кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Марјан Ристески.
Изјавата ја пренесуваме во целост.
„Она што го оставиле овие луѓе тука, а тоа е најсветото, нивните животи каде се поклонуваме тука на Могилата на непобедените. Тие оставиле аманет и завет за сите сегашни и идни генерации да ја сакаме и почитуваме историјата, традицијата и културата на македонскиот народ. Да не дозволииме некој да ни ја менува историјата, да ни ги менува сите историски датуми кои што не прават да бидеме горди и посебни како ентитет на Балканот.
Јас во оваа прилика на сите во Прилеп и Македонија им го честитам овој голем празник и понатаму Прилеп и Македонија да продолжуваат да се развиваат економски со носење на нови инвестиции, нови работни места, да има капитални инвестиции во инфраструктурата и се што носи подобар просперитет на Прилеп и Македонија.
Тоа е целта на овие сегашни генерации, целта е евро-атланско интеграција на Р. Македонија, но не по секјоја цена“