Барса подготвена да го купи Кутињо во зимскиот преоден рок

Подготвени сме да го купиме Кутињо во зимскиот преоден рок, изјави Оскар Грау, еден од директорите на Барселона.

 

Каталонскиот клуб имаше три понуди за Бразилецот во редовите на Ливерпул кои што беа одбиени во летниот преоден рок, од кои последната во вредност од 130 милиони евра, која што следеше по поднесеното барање на играчот за трансфер во Барса.

 

Ливерпул е бесен што во текот на сезоната повторно започна на големо да се шпекулира за иднината на нивниот најдобар фудбалер. Ставот на клубот е јасен, Кутињо не е на продажба по ниту една цена, изјавија од „Фенвеј Спортс Груп“, газдите на клубот од Англија.

 

Како и да е, Грау потврди дека Бразилецот останува трансфер мета на Барселона за јануарскиот преоден рок.

 

„Подготвени сме да го купиме Кутињо, или било кој друг играч што ни е потребен. Но сепак мора да се прилагодиме, затоа што ако дојдат нови играчи, некои од досегашните ќе треба да го напуштат клубот. Мора да заборавиме на цената платена за Нејмар ова лето. После одданочувањето примивме 188 милиони евра, од кои 144 беа директен приход за клубот“, истакна Грау.

 

Откако се врати во тимот на Ливерпул по „повредата“ на грбот, Кутињо е во одлична форма. Беше стрелец на последните три натпревари за клубот, а во следниот период ќе превземе уште поголема одговорност со оглед на повредата на Мане поради која ќе отсуствува најмалку шест недели.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien