ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : За ВМРО ДПМНЕ граѓаните се секогаш на прво место !

За ВМРО ДПМНЕ граѓаните се секогаш на прво место!  Затоа предвидовме во нашата програма реализација на уште многу нови проекти кои ќе го направат поквалитетен и подостоинствен животот на сите наши сограѓани. Истакнаа на денешната прес конференција од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.


Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

На семејствата кои имаат принова и живеат на територијата на општина Прилеп ќе им доделиме парична помош од 12.000 денари а за дечињата од претшколска возраст ќе изградиме 3 нови детски градинки и ќе го решиме проблемот од недостаток на сместувачки капацитети за нашите најмили.

На секој првоодделенец во општината ќе му обезбедиме ранец и ученички прибор, а учениците во основните и средните училишта ќе добијат бесплатни училишни униформи.Сите училишта на територијата на општината ќе добијат енергетски ефикасни фасади, нова опрема и партерно уредување и на учениците ќе им обезбедат современи услови за образование.

Ќе набавиме нови 10 автобуси и ќе овозможиме нови линии во јавниот градски сообраќаен превоз а за пензионерите ќе овозможиме бесплатен превоз секоја среда, сабота и недела.

Посебно внимание во нашата работа ќе посветиме и на заштитата на економски и социјално ранливите семејства и граѓани и на граѓаните со инвалидитет и попреченост.

За инвалидизираните лица ќе обезбедиме набавка на по 5 електрични колички годишно, ќе отвориме центар за поддршка на млади лица со хендикеп и посебни потреби каде лицата ќе имаат можност да стекнат одредени работни и професионални вештини со кои ќе бидат конкурентни на пазарот на труд, ќе продолжиме да организираме крводарителски акции и хуманитарни турнири и ќе отвориме Дневен центар за возрасни лица со тешка и најтешка попреченост.

Ќе ја продолжиме практиката за склучување на договори за вршење јавни работи со лица кои се од социјално ранлива категорија а договорите ќе бидат склучувани за период од најмалку девет месеци, а програмата ќе се реализира континуирано секоја  година.

Заедно, продолжуваме да се бориме за подобар живот за секој граѓанин во општина Прилеп!

Ве повикуваме, заедно и после 15 октомври да продолжиме да се бориме за економски развиена, модерна општина!  За Прилеп!

 

Секогаш работа! Секогаш Прилеп!

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien