ВИДЕО – Ристески : Ќе продолжиме со капиталните инвестиции и развојот на населените места

Во  населените места во Општина Прилеп, Владата на ВМРО – ДПМНЕ и Локалната самоуправа  инвестираа  десетици милиони евра за подобрување на квалитетот на животот во сите сфери. Истакна на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Прилеп, Марјан Ристески.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Дел од населените места за прв пат добија асфалтни патишта, се изградија нови водоводи во сите села,во дел  од населените места поставивме канализација, се реновираа скоро сите училишта,во 3 населени места се отворија комплетно нови училишта, а за прв пат се отворија и детски градинки. Се изградија нови паркови, детски и спортски игралишта.

Се потрудивме селата во нашата Општина да станат пристојни места за живеење, а квалитетот на животот таму да не се разликува драстично од оној во урбаните средини.

 

Со тоа темпо ќе продолжиме и во наредниот период. Ќе се изградат нови спортски објекти, игралишта, паркови.

 

Ќе изградиме патишта до следните населени места :

 

  • Пат од Волково до Манастир Прилепец
  • Пат до Дабница.
  • реконструкција на пат кај   Селце со тротоарни површини
  • Ореовец ќе се поврзи со Крстец
  • Ќе изградиме и пат до Марул
  • пат Полчиште – Бешиште
  • А ќе го изградиме и патот кој ги поврзува Подмол и Бонче
  • Доколку се обезбедат средства ќе се гради и патот до манастир Св. Илија во Дрен

 

Ќе бидат асфалтирани и реконструирани улици во сите населени места.

 

Ќе се градат нови канализациони системи во :

 

  • Мажучиште,
  • Селце,
  • Беровци,
  • Кадино село,
  • Ново Лагово,
  • Галичани,
  • Тополчани,
  • Чепигово
  • Алинци

 

А секундарна канализација ќе се направи во :

 

  • Канатларци
  • Мало Коњари .
  • Големо Коњари

 

 

Нови водоводи ќе се градат во :

 

  • Бонче,
  • Чаниште,
  • Дуње,
  • Лопатица,
  • Топташ (викенд населба)
  • Манастир ,Трескавец,
  • Селце – манастир Св. Димитрија
  • Шелеверци и Чумово

 

 

Ќе бидат изградени нови акумулации во околината на градот Прилеп

 

Ќе се изврши чистење на Црна река во прилепскиот регион како заштита од поплави за населените места.

 

Исто така ќе продолжиме со редовно чистење на каналите во сите населени места.

 

Ќе се изврши и Регулација на река Оревоечка на потегот од браната на Вештачкото езеро Прилеп до влезот во градот.

 

 

Ќе се изградат и повеќе полски патчиња во населените места од Општина Прилеп, со што значително ќе се олесни пристапот на земјоделците до обработливите површини, а ќе се градат и поила за стоката во следниве населени места:

 

Чаниште

Крушевица

Штавица

Дуње

Мало Коњари

Големо Коњари

и други во договор со населените места

 

Полски патчиња ќе бидат направени на следните места : Широк Пат, Бревчина , пат Задград до патот за манастирот Трескавец, Шаторов Камен, за Урошица ( во близина на Затворот)  и други.

 

 

Ќе се обезбедат локации за изградба на индивидуални куќи на повеќе локации : Канатларци, Оревоец, Селце, Големо Коњари и на други места каде има потреба.

 

 

Ќе се гради нова трафостаница и нова електрична мрежа во Никодин и Лагово ( кај мотокрос патека), а ќе се зголеми и капацитетот на моќноста на трафостаницата за Мариово, Тополчани , Големо Коњари и Канатларци.

 

 

Канатларци ќе добие нов плоштад, а паркови со детски игралишта е планирано да бидат изградени во Тополчани, Ново Лагово и во други населени места каде што има потреба.

 

 

Со набавката на новите  автобуси за јавниот градски превоз ќе се воведат линии за сите населени места.

 

Ќе продолжиме со капиталните инвестиции во основните училишта.

 

Основните училишта Круме Волнароски  во  Тополчани и Старо Лагово ќе добијат систем за централно греење и комплетно партерно уредување на училишниот  двор.

 

Централно греење ќе добијат училиштата во Мало и Големо Коњари, а исто така во објектот на основното училиште во Мало Коњари  ќе се отвори и детска градинка.

 

Училиштето целосно ќе се препокрие, ќе добие термофасада  училиштето во Подмол

 

Комплетна санација на училишната зграда во Мажучиште и партерно уредување на училишниот двор.

 

Препокривање на училиштето  Кирил и Методиј во Канатларци , а ќе добие и ново повеќенаменско игралиште и балон сала.

 

Ќе направиме комплетна реконструкција на санитарните јазли во основното училиште во  Големо Радобил

 

За секој првоодделенец ќе обезбедиме  бесплатен училишен ранец и ученички прибор ,а  ќе субвенционираме  униформи и бесплатен за учениците до петто одделение во училиштата на територија на Општина Прилеп

 

Довршување на започнатите и изградба на нови  фудбалски игралишта со рефлектори  во населените места: Алинци, Канатларци, Големо Коњари, Мажучиште, Селце и Галичани

 

Со гласање за број 13, гласаме за да продолжиме со работа, за реализација на сите овие проекти!

 

Гласаме за понатамошен развој на цела општина Прилеп!“

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien