ВИДЕО – Јованоски : На вчерашниот најмасовен митинг, граѓаните на Прилеп веќе ги најавија промените

Со Вашето присуство на синоќешниот најмасовен и најголем граѓански митинг во Прилеп, Вие, веќе го најавивте исходот на овие локални избори. Покажавте јасно и недвосмислено, дека Прилеп и прилепчани бараат ПРОМЕНИ! Промени за живот во Прилеп, за сите! Истакна кандидатот за градоначалник од СДСМ за Прилеп, Илија Јованоски.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Ајде вака масовно во недела на 15 Oктомври, заедно да ги заокружиме промените на локално ниво и да го вратиме животот во Прилеп.

 

Вие, со вашиот глас одлучувате, дали во Прилеп ќе има нови градинки и место за сите деца, или како и досега, градинката ќе остане привилегија само за децата на поединци!

 

Вие одлучувате, дали ќе возиме по улици со дупки, или по современи асфалтирани улици низ целиот град.

 

Од Вас и Вашиот избор на 15 Oктомври, зависи дали ќе има нови работни места, локален економски развој, силни претпријатија, или економска стагнација, сивило и сиромаштија како и досега.

 

Од Вас, почитувани сограѓани, зависи дали ќе ги задржиме младите да живеат и работат во Прилеп, или ќе бегаат по белиот свет како во изминативе 12 години.

Драги прилепчани, секој глас е важен. Сега е моментот! Сега е шансата, заедно да ја вратиме Општината во рацете на граѓаните. Да ги вратиме парите во Ваши раце.

 

Градиме две обиколници околу Прилеп, за почист град и безбеден сообраќај.

Ја гасифицираме целата општина. Со тоа, трошоците за греење ќе бидат намалени за 30 -40 отсто.

 

Го реконструираме домот за стари лица.

 

Салата „Македонија“ ќе прерасне во здравствено – спортско рекреативен современ центар, и повторно ќе биде гордост на Прилеп.

 

Старата „Соколана“ и стадионот „Гоце Делчев“ ќе блеснат во полн сјај!

Сметките за вода ќе бидат пониски за 20%.

 

Вие одлучувате за отворена, услужна и отчетна општина, или за партиско место како досега.

 

Вие избирате дали парите ќе се враќаат во вашиот џеб, или како и досега ќе се трошат бесцелно на екскурзии низ Европа и Австралија!

 

Вашата, иднината на вашите деца, на вашето семејство е само во ваши раце.

Ајде заедно да ја донесеме конечната победа, демократијата и да ставиме крај на диктатурата и режимот!

 

Во недела, заокружете го бројот 19!

 

Да расчистиме со „груевизмот“, со криминалот, со корупцијата, со злоупотребите, манипулациите, и пред се со продолжената рака на Груевски, Марјан Ристески.

Бројот 19 е за вашата среќа, за подобра иднина, подобар пензионерски живот, стабилни дуќанџии, силен економски раст и нови инвестиции.

Бројот е 19 за живот во Прилеп, за сите! “

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien