САД се повлекуваат од УНЕСКО

САД и официјално ги известија ООН дека се повлекуваат од Организацијата за образование, наука и култура, односно УНЕСКО, наведувајќи ја „анти-израелската пристрасност“ како причина.

 

САД го стопираа финансирањето на УНЕСКО откако во членство беше примена Палестина во 2011 година, но Стејт Департментот сепак ја задржа својата канцеларија во седиштето во Париз.

 

Портпаролка на Стејт Департментот најави дека САД планираат да ја задржат набљудувачката улога во УНЕСКО како надворешна членка набљудувач, со цел да придонесуваат во заштитата на културното наследство, заложбите за слобода на медиумите и научната соработка со своите перспективи и познавања.

 

Генералниот директор на организацијата, Ирина Бокова, изјави дека го примила формалното известување од Државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон и дека искрено жали за таквата одлука.

 

„Ова не влијае само на светското наследство. Ова е загуба како за организацијата, така и за САД“, изјави Бокова.

 

Ова е второ излегување на САД од УНЕСКО, откако претходно излегоа под водство на Роналд Реган, за повторно да се зачленат кога претседател беше Џорџ Буш.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien