ВИДЕО – СДСМ : Наместо елитна населба „Градина“ гледаме празна ливада!

После 12 години власт и бесцелно потрошени 3 мандати на Марјан Ристески , тешко е да се направи топ листа на неговите најголеми лаги, затоа што се премногу. Овде, на оваа локацијата требаше да биде изградена елитната населба „Градина“.  Рекоа на прес конференција денеска од СДСМ.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„На површина од 40-на хектари проектирани беа преку 400-ни градежни парцели за изградба на куќи. Во населбата требаше да никнат и деловни објекти, големи трговски центри со сместувачки капацитети, кино сали, галерии, кафетерии, основно училиште, објекти за спорт и рекреација.

 

Според Марјан Ристески, овде требаше да живеат 13.000 жители. Шест години подоцна, наместо елитна населба, овде гледаме празна ледина. Наместо ветените згради, трговски центри и булевари, изградена е една единствена куќа до која не постои ниту пристапен пат.

 

Од ветената инфраструктура за населбата, нема ни трага. Затоа, голем дел од граѓаните ги раскинаа договорите за купување парцели за изградба на куќи.

 

Една од првите лаги на Марјан Ристески беше ветувањето за изградба на затворен олимписки базен, дадено во далечната 2005 година. Базенот требаше да се гради во населбата „Вишне“ на местото на некогашната зоолошка градина, а неговата изградба требаше да чини 5,5 милиони евра. Но, и од тоа нема ништо, освен уште една лага на Марјан Ристески.

 

1,5 милиони евра требаше да кошта стаклената пирамида со планетариум и 3 Д кино во центарот на градот.

 

Економскиот гигант „Дупонт“ во Мариово требаше да гради фабрика со 2.000 работни места, а во мариовскиот крај требаше да никне и таканареченото „Финско село“.

 

Прилепчани памтат и други ветувања на Марјан Ристески: училиште и градинка во „Аличаир“, кружен тек на мостот „Табана“, покривање на Дабнички канал, осовременување на градскиот стадион „Гоце Делчев“, детска градинка во „Точила“, реконструкцијата на планинарскиот дом „Дервен“ и салата „Партизан“, изградба на картинг патека…

 

Десетици и десетици други ветувања кои се сведоа на најобични предизборни лаги.

 

Почитувани граѓани,

 

На Општина Прилеп не ѝ треба градоначалник кој многу ветува а ништо не остварува, туку градоначалник со реални и остварливи проекти работени според барањата и потребите на граѓаните.

 

Таков градоначалник ќе биде Илија Јованоски.

 

Во недела заокружете го бројот 19, за да има живот во Прилеп за сите!

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи