23 жртви и стотици исчезнати е досегашниот биланс од пожарите во Калифорнија

Facebook
Twitter
Email
Print

Во пожарите кои беснеат во северниот дел од Калифорнија, на територија од околу 70 000 хектари, животот го загубија минимум 23 лица, стотици се исчезнати и преку 3500 објекти се изгорени.

 

Главен виновник за ширењето на пожарите се силните ветрови, кои во региони дуваат и до 120 километри на час. Исто така според неповолната временска прогноза, во наредните денови не се очекува ниту капка дожд, услови кои прават речиси невозможно да се стават под контрола 22-та големи пожари што моментално се активни северно од Сан Франциско.

 

Околу 8 000 пожарникари се обидуваат да се справат со пожарите, користејќи 550 противпожарни камиони, 73 хеликоптери и преку 30 авиони.

 

„Ова не е лесно за никој. Дел од пожарникарите се на терен уште од неделата. Имаме пожарникари кои додека се борат со огнот, ги изгубија своите домови во пламените јазици“, изјави командирот на противпожарниот баталјон во Калифорнија, Џонатан Кокс.

 

Голем дел од опожарениот регион беше познат по лозовите насади и винарските визби, од кои неколку се целосно уништени.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи