Започна поставувањето на рефлекторите на градскиот стадион „Гоце Делчев“

Започнаа градежните работи за реконструкција на градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Денеска се поставуваа столбовите за рефлекторите. Претходно беше изградена потребната електрична инсталација, како и стопите за столбовите.

 

Исто така во тек е поставување на челичната конструкција која ќе служи за покривање на северната, малата трибина. Ќе се реконструира и трибинскиот простор со целосно нови седишта, санација на придружните објекти, како соблекувални, канцеларии, санитарии и други.

 

Во состав на овој проект се планира и целосна изградба на подтрибинскиот простор од страната на ул. „Александар Македонски“.

 

Напролет се очекува да започне и комплетно уредување на јужната, големата,  трибина и на другиите делови од стадионот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien