Започна Фестивалот на новиот германски филм во Прилеп

Со филмот „Tschik“ ( Чик ) синоќа во киното „Мис Стон“ започна Фестивалот на новиот германски филм во Прилеп. На отворањето присуствуваа и претставници од Германската амбасада.

 

Фестивалот продолжува денеска и утре, а на програмата се следните филмови :

 

 

Петок, 13.10.2017

 

  • „Тони Ердман“ режија Марен Аде, трагикомедија. За публика од над 12 години. Добитник на германската филмска награда 2017 , златна награда во категориите – „најдобар игран филм, најдобра режија, најдобра женска и машка главна улога, најдобро сценарио“, Европска фимсла награда 2016, Номинација за оскар за 2017 – Најдобар филм од неанглиско говорно подарчје“, Номинација за Златен глобус 2017. Во00 часот.

 

  • „Херберт“, режија Томас Штубер, драма. Силна трогателна приказна, автентична драма за еден боксер и неговата последна борба. Добитник на германската филмска награда 2016 , сребрена награда во категориите ,, најдобар игран филм и најдобра машка улога. Во 20 часот.

 

 

Сабота, 14.10.2017

 

  • „Авантурата на Нели“, детски филм, режија Доминик Весели. Забавен филм за целото семејство, пледоаје за соживотот и храброста да се бранат сопствените убедувања“. Добитник на германската филмска музичка награда за 2016. Во 16 часот.

 

  • „На иста висина“, филм за младинци, режија Јоаким Долхопф, Ефи Голдбрунер. Во 18.00 часот

 

  • „24 недели“, драма во режија на Ане Зохра Берахед. Наменето за публика од над 12 години. „Радикален филм, нефер, трауматизирачки, неверојатно тажен , искрен и добар“. Добитник на Германската филмска награда за 2017 – сребрена награда во категоријата за најдобар игран филм. во 20 часот.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien