По САД и Израел се повлекува од УНЕСКО

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во соопштение го поздрави потегот на САД да се откажат од членството во УНЕСКО  и најави дека и Израел се подготвува за тој чекор.

 

„Премиерот Нетанјаху побара од Министерството за надворешни работи да подготви се што е потребно за државата да се повлече од членството во УНЕСКО, по чекорот што го презеде САД, соопштија од кабинетот на Нетанјаху.

 

И САД и Израел го напуштаат УНЕСКО поради како што наведуваат „антиизраелските“ ставови на организацијата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien