Расте бројот на мигранти кои пристигнуваат на грчките острови

Состојбата на грчките острови станува критична со зголемувањето на бројот на мигранти. Главната мигрантска рута во Грција води преку Турција кон некој од поголемите грчки острови блиску до турскиот брег, како што се Кос или Лезбос, по што мигрантите се сместуваат во кампови или се обидуваат да се префрлат до Атина, објавува грчкиот весник „То Вима“.

 

Според весникот, бројот на мигранти во прифатните центри е над 13.700 лица, а на островите ја нема потребната инфраструктура за нивно згрижување. Стотици лица се уште се сместени во шатори и покрај тоа што зимата е на прагот.

 

Бројот на новопристигнати мигранти во Грција изнесувл околу 1.500 во август и пораснал на 2.428 во септември.

 

Освен на островите близу брегот на Турција, Грција има уште над 45.000 бегалци и мигранти сместени во 50-ина кампови во близината на Атина и на северот на земјата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien