Јункер: Ако Каталонија се отцепи тоа ќе го побараат и други региони

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер вели дека не сака Каталонија да стане независна, бидејќи тоа би охрабрило и други региони да го направат истото, со што управувањето на ЕУ би станало премногу комплицирано.

 

„Доколку дозволиме Каталонија да се одвои, и другите Ќе го направат истото. Тоа не го сакам изјави Јункер во говорот на Луксембуршкиот универзитет, во кој додаде дека е загрижен поради сепаратистичките тенденции во Европа и упати охрабрување до шпанскиот премиер Маријано Рахој да обезбеди ситуацијата да биде ставена под контрола.

 

Во врска со каталонските повици ЕУ да биде посредник, Јункер вели дека Комисијата не може да посредува доколку само една од страните го бара тоа. Инаку оваа криза ЕУ ја смета за внатрешно прашање на Шпанија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien